Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вирусот не се умори од нас, порачаа од СЗО

Вирусот не се умори од нас, порачаа од СЗО

Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас, вели шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус.

„Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас. Европските земји се борат, но вирусот не се промени значително, ниту пак мерките за негово спречување“, вели Адханом Гебрејсус.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, 52 милиони и 200 илјади луѓе во светот биле заразени со коронавирус, а бројот на смртни случаи достигна скоро еден милион и 290 илјади.

САД, Индија, Бразил, Франција, Русија, Шпанија, Аргентина се со најголем број на заразени. 

Зад нив се Велика Британија, Колумбија, Италија, Мексико, Перу, Јужна Африка, Германија, Иран, Полска, Чиле, Белгија. 

Слично

Поврзани вести