ВИРУСОТ МУТИРАЛ: Има повеќе од 30 видови кои ја менуваат неговата патогеност
Кина тврди дека вирусот мутирал во повеќе од 30 видови.
Ова го соопштија истражувачи од универзитетите во кинеската провинција Жеџијанг.
„Скај њуз“ објави дека научниците имаат директни докази дека вирусот има мутации кои значително ја менуваат неговата патогеност.
Затоа се смета дека тој во одредени делови на светот зема многу жртви.
„Со ултра длабоко секвенционирање“ откриено е постоење на 33 мутации во вирусот познат како САРС-КоВ-2.
Претходно, експерти објавија дека вирусот мутирал во осум типа, но дека тие не се смртносни.
Од СЗО деновиве предупредија дека најлошото допрва доаѓа и дека не треба да се брза со олабавување на мерките.
Во Италија и Велика Британија зголемен е бројот на смртни случаи од коронавирусот.
Слично
