Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИРУСОТ ГИ ТУРНА ЦЕНИТЕ - црнто злато станува се поевтино

ВИРУСОТ ГИ ТУРНА ЦЕНИТЕ - црнто злато станува се поевтино

Цените на нафтата се под постојан притисок поради коронавирусот, кој предизвика повеќенеделно затварање на кинеските компании и ги принуди авиокомпаниите ширум светот да ги прекинат и откажат летовите.

Според познавачите, дури и ако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEK) го намали производството за дополнителни 600.000 барели на ден, цените на нафтата би можеле да останат слаби до април.

Канг Ву, висок аналитичар во компанијата S&P Global Platts, вели дека причината за нискитее цени на нафтата се што залихите се зголемуваат бидејќи побарувачката за нафта е намалена поради епидемијата на коронавирусот.

OPEK ги намали изгледите за глобалната побарувачка на нафта, при што за Кина, од каде започна епидемијата, ја намали прогнозата за побарувачка во првата половина од оваа година за 0,2 милиони барели на ден. Заедничкиот технички комитет на OPEK, е на тридневен состанок на почетокот на февруари, препорача намалување на испумпувањето на нафта за уште 600.000 барели на ден, а S&P Global Platts очекува таква одлука на состанокот на нафтениот картел на 5 и 6 март.

Сегашниот раст на резервите на нафта може во април да биде апсорбиран на пазарот, што значи дека цените би можеле да останат слаби во наредните два месеци пред да се искачат најмногу во текот на летото. Цената на фјучерсите на северноморската нафта „брент“ падна вчера на попладневното тргување во Азија за 1,16 проценти на 52,81 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта WTI потона за 1,33 процент на 48,08 долари за барел.

Слично

Поврзани вести