Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИРУСОТ ЕВОЛУИРА ПРЕМНОГУ БРЗО И РАНО Е ДА СЕ СМЕТА ЗА ЕНДЕМСКА БОЛЕСТ СЛИЧНА НА ГРИП: Според СЗО ковид наметнува нови предизвици

ВИРУСОТ ЕВОЛУИРА ПРЕМНОГУ БРЗО И РАНО Е ДА СЕ СМЕТА ЗА ЕНДЕМСКА БОЛЕСТ СЛИЧНА НА ГРИП: Според СЗО ковид наметнува нови предизвици

Варијантата Омикрон е на пат да зарази повеќе од половина од Европејците, но сè уште не треба да се гледа како ендемска болест слична на грип, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Изјавата на СЗО следи откако шпанскиот премиер Педро Санчез нагласи дека можеби е време да се промени начинот на кој се следи еволуцијата на КОВИД-19, односно да се користи метод сличен за грип, бидејќи смртноста е опадната, пренесува Reuters.

Тоа би значело третирање на вирусот како ендемска болест, наместо како пандемија, без евидентирање на секој случај и без тестирање на сите луѓе кои покажуваат симптоми.

Постојат докази дека Омикрон повеќе влијае на горниот респираторен тракт отколку на белите дробови, предизвикувајќи поблаги симптоми од претходните варијанти, но според високиот службеник за итни случаи на СЗО за Европа, Кетрин Смолвуд, ендемичноста бара стабилен и предвидлив пренос.

„Сè уште имаме огромна количина на несигурност и вирус кој еволуира доста брзо, наметнувајќи нови предизвици. Сигурно не сме во фаза каде што можеме да го наречеме ендемичен“, рече Смолвуд.


Слично

Поврзани вести