ВИРУСОЛОГОТ РЕДФИЛД Е УБЕДЕН: Можеби ненамерно, но Ковид-19 е излезен од кинеска лабораторија
Поранешниот шеф
на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Роберт Редфилд, во
администрацијата на екс-претсеџдателот, Доналд Трамп е речиси убеден дека корона
вирусот најверојатно е направен во лабораторија во Вухан, и ненамерно излезен
од неа.
-Сè уште мислам дека најверојатно овој патоген „избегал“ од лабораторија во Вухан. Не е невообичаено во лабораорија додека се работи на респираторните патогени да се зарази некој вработен, истакна вирусологот Редфилд, а пренесува Балтимор Сан
Истовремено смета дека првичната теоријата дека вирусот е пренесен од лилјаци е многу помалку веројатна, бидејќи според него многу е тешко со таква брзина вирусот да стане еден од најзаразните вируси што ги знаеме познава човештвото.
Инаку, пред извесно време, експертска комисија на СЗО влезе во Вухан за да се испита потеклото на вирусот, но официјалниот извештај од истрагата допрва се очекува. СЗО на почетокот ја отфрли теоријата дека Ковид-19 излегол од лабораторија.
