Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

Вирусолог од Берлин: Факт е дека новиот вирус се шири побрзо, загрижува тоа што повеќе се однесува на младите луѓе

Новиот т.н. британски сој на корона вирусот иако го има и во Германија, вирусологот Андреј Трамуж од Берлинската клиничка болница вели дека сè уште не е доминантен, но дека брзо се шири во Германија, затоа и се заострени рестриктивните мерки.

-Знаеме дека е позаразен за 35 проценти. Во Берлин, имаме болница која е во целосен карантин со сите 2.000 вработени, бидејќи има околу 30 заразени во целата клиника. Новиот вирус не е поопасен, клиничката слика е иста, едноставно се шири побрзо и ако се шири побрзо, тогаш ќе има поголем број заразени, како постари, така и помлади луѓе. Тогаш болниците ќе бидат полни и со помлади луѓе кои исто така ќе умрат од тоа, вели вирусологот Трамуж за ТВ Прва.

Смета дека единствено вакцината ќе придонесе за враќање на нормалниот живот. 

ФОТО/HRW

Слично

Поврзани вести