Виролог тврди дека веќе е невозможен живот како пред пандемијата
Веќе е невозможен живот како пред пандемијата, тврди австриски виролог Кристоф Штајнингер.
Тој за виенскиот дневен весник „Прес“ укажува на тоа дека психологијата кај луѓето се променила.
„Никогаш повеќе нема да прифатиме некој да го внесе вирусот во болниците или десетици илјади луѓе кои не биле вакцинирани, излекувани или тестирани на корона, да можат да бидат едни покрај други на концерт. Во такви ситуации, веќе нема да се чувствуваме добро“, нагласува експертот.
Вели дека нема да можеме да ја контролираме пандемијата само со вакцини. Вирoлогот додава дека за имунизацијата има долг пат, затоа што засега само десет проценти од светската популација е целосно имунизирана.
Слично
