Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вилнус ја предупреди Москва дека ги влошува односите со ЕУ поради политички царински проверки

Вилнус ја предупреди Москва дека ги влошува односите со ЕУ поради политички царински проверки
Актуелниот претседавач со ЕУ, Литванија,  ја предупреди Русија за евентуално влошување на односите со ЕУ, поради засилените царински проверки по границата со балтичката земја, кои, според Вилнус, се политички мотивирани. Пред околу три седмици, Русија наложи засилени проверки на литвански камиони, кои заминуваат во Русија, што доведе до големи загуби за литванските превозници. Брисел веќе ги критикуваше мерките, кои Москва ги наложи на Вилнус и ги оцени како дискриминаторски и неумесни, како и несоодветни согласно обврските на Русија како членка на Светската трговска организација. Москва вчера објави дека може да го забрани увозот на млечни производи од Литванија поради епидемиолошки и санитарни ризици.
Слично

Поврзани вести