Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вилијам Масвину – човекот кој заработува од својата грдотија

Вилијам Масвину – човекот кој заработува од својата грдотија
Вилијам Масвину победи по втор пат на конкурсот за најгрозен маж на Зимбабве. Тој со парите што ги освои ќе ја плати годишната школарината за едно од децата, пишува весникот "Дејли мирор" . Тој без проблем ги победи останатите 11 финалисти, сребрен и бронзен медал освоија Бени Чаканјука и Фени Мусекива. Конкурсот за најгрд маж на Зимбабве, сега е еден од најпопуларните во земјата, објавија светските агенции. Победникот призна дека не се подготвувал специјално за трката , бидејќи неговата грдотија му била дадена од Бога по природен пат . Менаџерот на г- дин Масвину, Мајкл Гумбо, вели дека неговиот клиент е вистински професионалец. Била потребна само малку кореографија, смешна облека, а останатото дојшло само по себе , без екстра напор.
Слично

Поврзани вести