Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виктор Орбан: ЕУ сама си пукаше во гради со непромислени санкции против Русија

Виктор Орбан: ЕУ сама си пукаше во гради со непромислени санкции против Русија

Унгарскиот премиер наведува дека, иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија бидејќи санкциите и нанесоа голема штета на европската економија, притоа не ја ослабнаа Русија ниту пак повеќемесечната војна не ја доближуваат до решение.

- Европската унија си пукаше во гради со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економија - изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Притоа додаде дека иако на почетокот сметал дека ќе помине поблаго, сега веќе се гледа дека штетите ќе бидат големи. 

- Отпрвин мислев дека само си пукавме во стапалото, но сега е јасно дека европската економија си пукаше во градо и дека и недостига воздух - рече Орбан, долгогодишен критичар на санкциите, во интервју за унгарското државно радио, пренесува Танјуг.

Европската историја влезе во „ера на војна“ и луѓето ќе мора да се борат за работи кои досега ги земаа здраво за готово, дополни премиерот на Унгарија.

- Никој не помисли на 24 февруари дека војната меѓу Украина и Русија нема да биде само конфликт, туку дека во европската историја ќе го означи крајот на старата ера и почетокот на новата ера на војна - додал Орбан.

Слично

Поврзани вести