„ВИКРАМ“ Е НА МЕСЕЧИНАТА, МИСИЈАТА ЧАНДРАЈААН – 3 ИЗРАДУВА МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ: Историскиот подвиг на Индија го слави цел свет
Мисијата на Индија е успешна. Во вселенската трка за меко слетување на јужниот пол на Месечината, каде што се претпоставува дека има замрзната вода, во точно 14.34 минути се спушти леталото Викрам од мисијата Чандрајаан – 3. Најнаселената земја во светот стане првата државата што ја освои најјужната точка на Земјиниот сателит. Исто така, Индија е четвртата, по САД, Русија (СССР) и Кина, што спушти вселенско летало на Месечината.
Слетувањето на Јужниот пол (на Месечината) всушност ќе и
овозможи на Индија да истражи дали има воден мраз на Месечината. Ова е многу
важно за кумулативните податоци и науката за геологијата на Месечината, рече
Карла Филотико, партнер и управен директор на консултантската фирма SpaceTec
Partners.
Премиерот на Индија,Нарендра Моди, го следеше настанот од Јужна Африка каде што присуствува на самитот на БРИКС. Со насмевка и огромно задоволство го поздрави овој светски подвиг на Индија која има една од најсупериорните вселенски програми.
За Индија, успешното слетување на Месечината го означува нејзиниот подем како вселенска сила, бидејќи владата на премиерот Моди се обидува да ги зголеми инвестициите во приватни вселенски лансирања и сродни потфати.
