Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКИЛИКС тврди дека САД ги прислушувале Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд

ВИКИЛИКС тврди дека САД ги прислушувале Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд

Според информации на платформата за истражувачко новинарство Wikileaks Соединетите Американски Држави ги прислушувале францускиот претседател Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд.

Ова станува јасно од документи со кои располага францускиот весник Libération и онлајн платформата Mediapart. Во текот на ноќта тие беа објавени и во Wikileaks. Засега потврда за веродостојноста на материјалите нема.

Во објавените разговори на шефовите меѓу другото станува збор и за грчката должничка криза, односите со Германија - и, иронично, за американска шпионажа. Станува збор за пет извештаи на американските тајни служби NSA, кои се базирани на комуникации. Прислушувањето траело најмалку од 2006 година до 2012 година . Во друг документ се наведени различни телефонски броеви, вклучувајќи ги броевите на претседателите, најблиските советници и разни министри.

Во документ за конзервативниот претходник на Оланд, Никола Саркози се наведува дека тој се сметал во 2008 година како "единствениот способен човек" во борбата против тогашната финансиска криза. Од круговите на Саркози, за кого се тврди дека има амбиција да се врати во Елисејската палата, сепак коментираат дека ваквите шпионски практики се "фундаментално неприфатливи, особено кога станува збор за политички сојузник".

NDR и Süddeutsche Zeitung исто така ги разгледуавле документите однапред. Според медиумите бил репродуциран и разговор меѓу Оланд и тогашниот премиер Жан-Марк Еро од мај 2012 година. Двајцата разговарале за планирана средба со раководството на германската партија SPD во Париз за да разговараат за кризата со еврото и евентуалното излегување на Грција од еврозоната.

Оланд истакна дека средбата (за Грција) мора да биде тајна, "го цитира WikiLeaks протоколот на NSA. Претседателот се плашел дека свесност на консултациите за Grexit ќе ја  влоши кризата во Грција.

Оланд исто се пожалил и од средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел во претходната недела. Ништо суштинско не било постигнат, освен чисто шоу. Меркел веќе се откажала од Грција, се пожалил Оланд. Тоа го натерало да се растревожи за Грција и грчкиот народ и за тоа дека како реакција тој може да се сврти кон радикални партии.

Според извештајот има и прислушуван разговор во март 2010 година  меѓу францускиот амбасадор во САД и консултант на Саркози за можен обид на Французите да склучат со Американците договор за откажување од шпионирање.

Во вторникот вечер Оланд не ја коментирал темата. "Ајде да видиме за што станува збор", гласи официјалното соопштение во Елисејската палата. Според AFP во 9 часот по локално време (10 часот по македонско време, б. Ред.) Оланд ќе го свика Советот за одбрана, за да "се направат советвените заклучоци" од откритијата.

Американската влада исто не презема однос на оваа тема. "Ние не правиме коментари по конкретни тврдења поврзани со разузнавањето", изјави Нед Прајс, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Тој истакна дека САД не водат разузнавачки операции во странство, освен ако постои конкретна и сигурна закана за националната безбедност. "Ова важи како за обичните граѓани, така и за светските лидери", додаде тој.

Прајс увери во распространетата писмена изјава синоќа  дека американските тајни служби не се занимаваат со прислушување на телефонските разговори на францускиот претседател Оланд, соопшти ТАСС. Според зборовите на Прајс контактите на претседателот Оланд не се и нема да бидат цел на разузнавачките служби на САД.

Слично

Поврзани вести