Викиликс со нови документи-Хилари Клинтон повторно на удар!
Викиликс објави нови 2000 мејлови кои наводно му припаѓаат на шефот на изборниот штаб на Хилари Клинтон.
Викиликс постави линк кон, како што пишуваат „дел два“ мејлови на Џон Подест.
Минатата недела, организацијата на Џулијан Асанж објави мејлови со потенцијално штетни последици по кандидатката на демократите Хилари Клинтон.
Во мејловите се наведува дека во платените говори за компании од Волстрит, Клинтон рекла дека е прифатливо политичар да има различни ставови во јавноста и приватно.
Во синоќешната телевизиска дебата, Клинтон рекла дека алудирала на напори претседателот Абрахам Линкол да го наведе Конгресот да го укине ропството.
Слично
