„Викиликс“ повторно ја тресе ЦИА: Објавени нови тајни документи
Сајтот WikiLeaks објави нов дел од пакетот тајни документи на ЦИА под називот Vault 7.
Претходните објавени документи беа наречени Dark Matter („Темна материја“) и дистрибуирани на 23 март. Тие ги откриваат начините за инфицирање на уреди на компанијата Apple. Веднаш потоа корпорацијата соопшти дека сите слабости во системот, за кои е соопштено се коригирани.
Соработниците на сајтот објавиле дека новата публикација наречена Marble („Мермер“), содржи 676 датотеки од истоимената тајна програма. Се наведува дека Marble маскира делови од текстови на штетни програми на ЦИА, од кои се гледа дека токму Министерството, стои зад создавање на вирус или извршувањето на хакерски напади. Овие податоци остануваат скриени од експертите и антивирусните компании, посочува „WikiLeaks“.
„Marble“ главно се користи за прикривање на податоци и не води до оштетување на програмската безбедност, наведува „WikiLeaks“.
