Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викиликс откри нова „бомба“ за Хилари Клинтон

Викиликс откри нова „бомба“ за Хилари Клинтон

Хакерската организација Викиликс објави нов дел од пробиените мејлови на претседателската кандидатка на Демократската партија Хилари Клинтон во кои се откриваат нови детали за продажбата на рудникот за ураниум на Русите во период кога била Државен секретар на САД.

Како резултат на тоа руските претприемачи добија една петтина од производството на ураниум во САД. Трансакцијата е одобрена од голем број американски сектори, меѓу кои и од Стејт департментот, кој за време на трансакцијата беше предводен од Хилари Клинтон.

Според протечените пораки со зголемувањето на рускиот интерес за производство на ураниум во периодот меѓу 2009 и 2013 година, Фондацијата “Клинтон” добила милиони долари донации од лица, директно поврзани со трансакцијата.

Пред неколку дена основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж предупреди дека податоците што сајтот ќе ги објави за Клинтон ќе ја извадат засекогаш од битката за Белата куќа.


Слично

Поврзани вести