Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викиликс објавува лични пораки од шефот на ЦИА

Викиликс објавува лични пораки од шефот на ЦИА

„Викиликс“ почна да објавува електронска кореспонденција на директорот на ЦИА, Џон Бренан, соопшти организацијата на „Твитер“. Ова се случува откако хакер тинејџер соопштил дека ја пробил неговата електронска пошта, објавија светските агенции.

Објавените документи се од периодот 2007-2008 година и се однесуваат на забранети методи на испрашување, односите со Иран и задачите поврзани со работата на ЦИА по 11 септември 2001 и крајот на „студената војна“.

„Викиликс“ објави и анкетата со биографски податоци на Бренан, пополнета во 2008 година, како и факс од ЦИА до Судот на ревизори на САД по повод правниот спор помеѓу менаџментот и „The Analysis Corporation“, најверојатно во врска со губењето на тендер за развивање на база на податоци .

Слично

Поврзани вести