Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКИЛИКС може да ја турне Клинтон: Тврдат дека имаат документи за неа

ВИКИЛИКС може да ја турне Клинтон: Тврдат дека имаат документи за неа
Организацијата Wikileaks има на располагање уште „порции“ од електронските писма на соработниците на Националниот комитет на Демократската партија на САД кои беа стекнати од непознати хакери. Дел од оваа конверзација се однесува на претседателската кандидат на партијата Хилари Клинтон. Ова го соопшти во интервју за телевизијата CNN креаторот на „сајтот за документи“ Џулијан Асанж. „Располагаме со уште материјали поврзани со претседателската кампања на Клинтон“, изјави Асанд, истакнувајќи дека станува збор за „вонредно интересни“документи. Тој не сподели кога организацијата планира да го објавува овој архив. Основачот на Wikileaks, исто така, истакна дека електронските системи на Демократската, а и Републиканската партија во САД, се „дупчат како швајцарско сирење“, поради што сајбер напади врз нивните компјутери се извршени „во текот на последните неколку години“. Асанж изјави уште еднаш дека Wikileaks нема никаква врска со самиот напад, но повторно одби да го открие изворот на скандалозните документи.
Слично

Поврзани вести