„Викиликс“: Хилари Клинтон ни го украде логото
Организацијата „Викиликс“ ја обвини Хилари Клинтон дека им го украла логото за својот амблем за предизборната кампања.
Поранешната прва дама на САД официјално објави дека по втор пат се вклучува во битката за Белата куќа, како ќе се бори за номинацијата на демократите за претседател во 2016 година.
„Хилари Клинтон го украде нашето лого за Твитер“, напиша организацијата на Џулијан Асанж во изјавата во мрежата. На логото на Хилари Клинтон се гледа латинската буква „H“ и црвена стрелка десно, како и во логото на „Викиликс“.
Завчера Хилари тргна на предизборна турнеја со комбе со името „Скуби“. Тоа беше именувано од анимираниот лик - кучето Scooby Doo. Во исто време американски геј пар ја покани Хилари на свадба.
Републиканецот Марко Рубио, син на кубански имигранти, исто така, објави учество во претседателската трка за изборите во 2016 година во САД.
