Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКАЛА „АЛАХ Е ГОЛЕМ“ И СЕ ЗАКАНУВАЛА ДЕКА ЌЕ УНИШТИ СЕ: Полицијата рани жена која тврдела дека има бомба (ВИДЕО)

ВИКАЛА „АЛАХ Е ГОЛЕМ“ И СЕ ЗАКАНУВАЛА ДЕКА ЌЕ УНИШТИ СЕ: Полицијата рани жена која тврдела дека има бомба (ВИДЕО)

Полицијата рано утринава застрелала и тешко ранила жена со хиџаб во париското метро, ​​објавија локалните француски медиуми, откако патниците пријавиле дека се заканувала во возот.

– Полицајците од страв за сопствената безбедност го употребиле оружјето – изјавил за Ројтерс портпаролот на полицијата.

Полициски извори велат дека жената извикувала „Алах е голем“ и се заканувала дека „ќе уништи се“.

Противпожарната служба, која прва пристигнала на местото по полицијата, соопштила дека жената била застрелана во пределот на стомакот.


Таа била пренесена во блиската болница.

„Фигаро“ објави дека нејзиниот живот е во опасност, но дека моментално е во стабилна состојба.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести