Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викајќи Алах акбар избол војник

Викајќи Алах акбар избол војник

Мигрант од Јемен на возраст од 23 години извикувајќи Алах акбар избол војник во Италија. 

Инцидентот се случил денеска пред Централната станица во Милано.

Војникот е ранет во вратот и рамото. Напаѓачот избегал, но брзо полицијата го уапсила.

34-годишниот војник е однесен во блиската болница на итен третман, од каде што велат дека неговата состојба не е опасна по живот и покрај длабоката рана на вратот.

Напаѓачот носел ножици и бил редовен посетител на станицата.

Тој во понеделникот е спречен на железничката станица да прободе минувач со пенкало.

Слично

Поврзани вести