Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИЕО-ФОТО) Русија се простува со Борис Немцов

(ВИЕО-ФОТО) Русија се простува со Борис Немцов

Во Москва денеска ќе биде погребан, Борис Немцов, опозицискиот политичар и најгласниот критичар на политиката на претседателот Путин. Комеморацијата ќе биде отворена за сите граѓани на Москва и ќе трае неколку часа во Центарот за човекови права, Андреј Сахаров, по што ќе следи погребот на гробиштата Тојекуровској.

nemcov pogreb

Глевниот сведок на крвавото злосторство, неговата девојка, украинката Ана Дурицкаја се вратила во својата земја, а нејзиниот адвокат соопшти дека таа дала опширна изјава во полицијата. Борис Немцов беше убиен во петокот во близина на Кремељ.

nemcov pogreb 4

Руските власти забранија влез во земјата на високите претставници од Полска и од Летонија кои имаа намера да присуствуваат на денешната погребна церемонија во чест на Немцов. Летонската европратеничка, Сандра Калниете информираше дека е задржана на аеродромот Шерметјево, додека претседателот на полскиот Сенат, пак, Богдан Борусович соопшти дека руските власти не му издале виза за влез во земјата.

Забрана за присуство на погребот на Немцов има и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во моментов е во 15 дневен притвор. Неговото барање за привремен излез, како што вели, е децидно одбиено.

nemcov pogreb 3

Руските тајни служби се обидуваат да разјаснат колку луѓе учествувале во подготовката и спроведувањето на неговото убиството. Тие не ја исклучуваат можноста основните нараачтели  да биле придружени со „контролори“, кои имаат задача да ги пресметаат  последиците и политичкиот ефект од убиството на Немцов.

nemcov pogreb 2

Слично

Поврзани вести