Виенските трговци тријат раце од велигнеската заработувачка
Виенските трговци ќе можат да се радуваат на прометот од велигденските подароци во висина од околу 53,3 милиони евра, што е околу четири отсто повеќе од претходната година.
Како што проценува Виенската стопанска комора, со 57 евра по глава на жител, трошоците оваа година се за 2 евра повисоки од лани.
Како и секоја година, се работи за класични подароци најчесто чоколада, јајца и играчки.
За децата Велигден е како втор Божик - 77 испитаници сакаат со подароци да ги израдуваат децата, 37 отсто партнерите, една четвртина родителите, а 22 отсто од анкетираните сакаат да ги израдуваат пријателите.
Слично
