Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виена уште еднаш прогласена за најдобар град за живеење

Виена уште еднаш прогласена за најдобар град за живеење

Виена е најдобро место за живеење а Багдад - најлошото.

Австриската престолнина со вековната историја, култура и традиции нуди највисок квалитет на живот, додека главниот град на Ирак, исто така со вековна историја, култура и традиции, повторно го зазема последното место според условите за живеење.

Ова го покажува листа направена од меѓународната консултантска агенција „Мercer“.

Истражувањето опфаќа 230 градови.

При изготвувањето на листата се земат предвид економските и социјалните услови во градот, здравство, домување и животната средина. Рангирањето служи како ориентир за многу работодавци кога одлучуваат каде да го локализираат бизнисот и колку да им плаќаат на вработените во соодветните градови.

Светските центри Лондон, Париз, Токио и Њујорк воопшто не се квалификуваат меѓу првите 30, останувајќи далеку зад повеќето германски, австриски и скандинавски градови.

1,7-милионското население на Виена се разликува по различните кафулиња, музеи, театри и опери. Јавниот транспорт и возила за изнајмување се поевтини отколку во повеќето западни престолнини.

Во првата петорка по Виена, која ја предводи листата за седми пат по ред, се редат уште Цирих (Швајцарија), Оукланд (Нов Зеланд), Минхен (Германија) и Ванкувер (Канада).

Меѓу земјите во Африка најмногу пријатно за живеење е во Дурбан , кој го зазема 85 место.

На дното повторно е Багдад. Градот е арена на меѓурелигиско насилство уште од соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година.

Дамаск, потресенаод граѓанска војна скоро 5 години, се рангира 6 позиции над Багдад, а местата меѓу нив ги пополнуваат Бангуи (ЦАР), Сана (Јемен), Порт-о-Пренс (Хаити), Картум (Судан) и Н'Джамена (Чад).

Скопје се најде на 159-тото место.
Слично

Поврзани вести