Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виена сака бегалците престапници да го изгубат правото на азил

Виена сака бегалците престапници да го изгубат правото на азил

Бегалците кои ќе извршат злосторства автоматски треба да го губат правото на азил.

Ова го изјави австрискиот министер за внатрешни работи, Волфанг Соботка.

„Прашањето е на пример, ако некој изврши злосторство, дали треба автоматски да го загуби правото на азил? Според мене мора да размислуваме за примената на слична мерка "- рече Соботка за виенското списание „Естерајх ".

Според него апсолутно јасно и правилно е да се прекине постапката за добивање на азил.

Тој призна дека најмногу го лути фактот дека многу бегалци доаѓаат без пасоши или пак со фалсификувани документи за лична идентификација.

„Не може да се кријат зад сириската криза од каде доаѓаат и други луѓе. Јас си го чувам мојот пасош, а сите тие ги губат, но за сметка на тоа секогаш имаат мобилен телефон. Такво нешто не треба да прифаќаме" - рече уште австрискиот министер за внатрешни работи.

Австрија е една од поригорозните земји кога се во прашање бегалците.

Слично

Поврзани вести