Виена од Нова година заработува 60 милиони евра
Нова година на виенските трговци им донесе значителна заработувачка која стопанската комора ја проценува на околу 60 милиони евра. Благодарение на новогодишниот дочек, трговците во малопродажбата можат да очекуваат дополнителни 60 милиони евра.
Според актуелната анкета која ја спроведе стопанската комора на Виена, 85 отсто од жителите на Виена ќе го слават дочекот на Новата година. Мажите со просечни 48 евра ќе потрошат повеќе отколку жените со 42 евра.
Виенци најчесто слават во кругот на фамилијата, 43 отсто, или на приватни забави, 37 отсто, додека на јавни места Новата година ќе ја дочекаат околу 22 отсто од нив.
Најголемиот дочек на Нова година засега се планира во центарот на Виена, на традиционалната „Новогодишна траса“. На 13 бини ќе се менуваат оркестри од различни музички жанрови.
Слично
