ВИЕНА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ЛЕКАРИ, НАД 90 ОТСТО РАЗМИСЛУВААТ ЗА ОСТАВКА: „Доста им е да се грижат за пациентите како на подвижна лента“
Истражувањето на
јавното мислење на австрискиот институт Стратегии за јавно мислење, направено
на барање на Лекарската комора на градот Виена, покажа алармантен резултат.
Дури две третини или 75 отсто од лекарите вработени во виенските болници ја достигнале границата на своите сили и размислуваат да дадат отказ, пишува магазинот Феникс.
Пред се, поради огромниот обем на работа: Дури 91 отсто од болничките лекари од вкупно 1.894 кои учествувале во истражувањето на јавното мислење изјавиле дека не очекуваат значително да се промени ситуацијата и затоа се блиску до оставка.
55 отсто од нив тврдат дека нема шанси состојбата да се подобри, туку напротив, да станува полоша и полоша.
Резултатот од истражувањето, кое алармира „градските татковци на Виена“, беше претставен и на јавноста во Виена. Како што беше истакнато, станува збор само за виенски државни болници и други здравствени установи.
„Јавниот здравствен систем станува се помалку атрактивен за работниците. На колегите им е доста да се грижат за пациентите како на подвижна лента, вели Стефан Ференци, претставник на лекарите вработени во болниците и потпретседател на Лекарската комора на Град Виена.
Ференци ги советуваше сите што раководат со државните болници брзо и внимателно да размислат како да го зголемат задоволството на медицинскиот персонал, за да можат да ги задржат.
Според сето горенаведено, очигледно не е сè во Виена толку „розово“ како што често се мисли или кажува.
Она што е евидентно е дека пандемијата на коронавирус, и покрај сите здравствени и медицински успеси на градот Виена, остави, и се уште остава огромни последици за оние кои речиси три години деноноќно се бореа во болниците, особено во одделенијата за интензивна нега да се спаси секој човечкиот живот. Затоа, не само што треба да бидат пофалени и наградени, туку и да им се даде можност барем малку да се одморат од тој огромен стрес, пишува магазинот Феникс.
EPA/CHRISTIAN BRUNA