Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИЕНА Е ПОД ОПСАДА: Можни се исламистички напади на цркви

ВИЕНА Е ПОД ОПСАДА: Можни се исламистички напади на цркви

Засилени полициски патроли има во австриската престолнина Виена по информациите за можни исламистички напади врз цркви.

Разузнавачите добиле вакви информации. Виенската полиција објави дека австриската внатрешна разузнавачка служба има информации дека во главниот град се планира напад со исламистичка заднина и дека во вакви случаи вообичаени се превентивните мерки.

„Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите во моментов не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер.

Ако состојбата се промени, граѓаните ќе бидат известени. Пред неколку години имаше серија терористички напади во Франција и Германија, но и во други европски земји. 

Слично

Поврзани вести