Видовте ли црвена ѕвезда на небото: Марс е толку блиску до земјата, колку што нема да е во следните 15 години
Ако за време на викендот забележавте огнено црвена ѕвезда близу до полната Месечина, тоа всушност беше Марс.
Планетата ќе биде видлива во текот на ноќта во текот на месецов, а се крева највисоко на небото околу полноќ секоја вечер. Практично Марс блеска на исток секоја вечер, а е на запад пред да се раздени.
Но, Марс не секогаш изгледа вака. Зошто сега сјае толку силно?
Црвената планета ќе го направи својот најблизок пристап кон Земјата во 10:18 часот наутро, на 6 октомври. Марс ќе биде оддалечен од Земјата од 38.586.816 милји а толку блиску нема да биде дури до 2035 година. Марс во 2003 година го направи својот најблизок пристап до Земјата во последните 60.000 години, кога беше на растојание од 34,65 милиони милји.
Следната недела, Земјата ќе орбитира точно меѓу Марс и Сонцето.
Овој настан, наречен „опозиција на Марс“, се случува на 13 октомври, кога Марс ќе биде директно на спротивната страна на Земјата од сонцето.
Марс и Земјата не кружат околу Сонцето во совршени кругови или дури во иста рамнина. Наместо тоа, планетите имаат елипсовидни орбити во форма на овали.
На пример, додека на Земјата и требаат само 365 дена да ја заврши орбитата околу Сонцето, на Марс му требаат 687 дена. Кога Земјата се приближува до сонцето, Марс се оддалечува од него.
