Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО)Тајфун го погоди Токио: Откажани летови, милиони се без струја, има и загинати

(ВИДЕО)Тајфун го погоди Токио: Откажани летови, милиони се без струја, има и загинати


Едно лице загина, а десетици се повредени кога моќен тајфун утрово ја погоди областа Токио, предизвикувајќи повеќе од 100 летови да бидат откажани.
Исто така, еден милион домаќинствасе без електрична енергија.

Тајфунот „Факсаи“, кој утрово го погоди крајбрежниот град Чиба, со себе донесе големи врнежи од дожд и ветрови од 190 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Невремето се пресели над Токио и го „парализираше сообраќајот“, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку железнички и метро услуги ги прекинаа нивните услуги додека летовите беа откажани на аеродромите во Токио.


Владиниот портпарол Јошихид Суга им рече на новинарите дека добил информација дека едно лице е загинато и дека дрвјата и предметите што ги носи ветрот низ воздухот, предизвикале материјална штета.


Тој додаде дека се пријавени околу 900.000 прекини на електрична енергија.

Новинската агенција Кјодо извести, повикувајќи се на локалните власти, дека најмалку 30 лица се повредени во околината на Чиба, Канагава и Шизуока.


Видео и Фото Твитер


Слично

Поврзани вести