Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО БЕЛГИЈА: Полицијата опколи стамбен блок поради четири вооружени лица

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО БЕЛГИЈА: Полицијата опколи стамбен блок поради четири вооружени лица
Белгиската полиција рано утринава блокирала стамбен блок во белгискиот град Гент откако претходно било забележано дека во него влегле четворица вооружени мажи, јавуваат белгиските медиуми. Според последните информации тројца од вооружените лица им се предале на безбедносните сили. Се уште не е познато кои се вооружените луѓе и какви им се намерите, а голем број полициски специјалци ги држат затворени сите приоди кон овој стамбен блок. Во моментов не е познато дали во зградата има заложници, а властите се уште ништо не соопштиле за настанатата ситуација. На Интернет се појавиле фотографии од полицајците со маски и целосна борбена опрема пред станбената зграда, во дел од градот полн со продавници и ресторани. На станарите од стамбениот комплекс им било советувано да останат во своите станови. Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк и поради тоа движењето е отежнато, а железничкиот и авио сообраќајот не функционираат. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=6P3JkjAzT7E[/embed]  
Слично

Поврзани вести