Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Задушен е бунт на група гардисти

(ВИДЕО+ФОТО) Задушен е бунт на група гардисти

Задушен е бунт на група гардисти во Венецуела. 

Војската во земјата денеска информираше дека уапсила неколку гардисти, кои украле оружје и киднапирале двајца офицери.

Имало судири во еден сиромашен кварт на неколку километри од претседателската палата во главниот град Каракас.

Бунтот го иницирале екстремни десничарски групи, кои ги мотивирале гардистите да ја „погазат заклетвата”, тврдат од војската.

Во соопштението стои дека целото оружје е пронајдено.

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопес на Твитер испрати порака со ветување дека сите гардисти учесници во бунтот ќе бидат казнети во согласност со законот.


Слично

Поврзани вести