Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ВУЛКАНОТ ЕТНА СЕ ПРОБУДИ: Погледнете како изгледа спектакуларната ерупција

(ВИДЕО+ФОТО) ВУЛКАНОТ ЕТНА СЕ ПРОБУДИ: Погледнете како изгледа спектакуларната ерупција

Етна, најголемиот активен вулкан во Европа почна вчера да исфрла лава. 

Пепел излегува од вулканот кој се активираше околу 19 часот. 

Ерупцијата се гледа од сицилијанските градови Катанија и Таромина. 

На снимките кои се објавени се гледа црвена лава, а ерупцијата може да се следи во живо. 

Вулканолозите ја нарекоа ерупцијата експлозивна. Тоа значи дека лавата и пепелот се исфрлаат со голема јачина. 

Засега ерупцијата не е закана за луѓето и имотите. 

Ерупцијата не го поремети авиосообраќајот на блискиот аеродром. 

Етна е вулкан кој често го менува обликот. 

Во еден таков налет во јануари беа евакуирани локалните жители. 


Слично

Поврзани вести