Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Терористот кој држи заложници во Сиднеј бара директен разговор со Абот и знаме на ИД

(ВИДЕО+ФОТО) Терористот кој држи заложници во Сиднеј бара директен разговор со Абот и знаме на ИД
Не зе наѕира крај на заложничката драма во Сиднеј која трае веќе десет часа. Неименуваниот маж кој држи во заложништво 40 луѓе во кафетерија во еден од најголемите градови во Австралија, побарал да му биде доставено знамето на Исламската држава, како и да му биде овозможена директна врска со премиеро, Тони Абот. Претставник на кафетеријата „Линт“ каде дојде до инцидентот наведува дека во моментот на упад на вооружениот маж во локалот имало најмалку 30 гости, како и дека во тој момент на работното место имало 10 вработени. Sidnej1 Локалот е опкружен од голем број специјалци, а воздушниот простор над Сиднеј е затворен со цел да се овозможат маневри на припадниците на хеликоптерската единица на полицијата. Снимките на локалните телевизии покажуваат како заробените лиза со кренати раце стојат покрај прозорите, а наводно еден од нив успеал да испрати порака на Твитер до полицијата со содржина да биде претпазлива. Sidnej3 Заробените лица биле приморани да подигнат црно знаме со арапски симболи, идентично на она што го користи Исламската држава. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=Bpq0ObgWryQ[/embed]  
Слично

Поврзани вести