(ВИДЕО+ФОТО) СТРАОТЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН И ИРАК: Огромен број загинати и повредени
Голема спасувачка акција има во Иран и Ирак откако ги погоди силен земјотрес.
Досега во земјотресот загинаа повеќе од 400 луѓе, а над 7.000 се повредени.
Повеќето луѓе загинаа во западната иранска провинција Керманшах, и во тој дел во тек е интензивна потрага по преживеани. Девет лица загинаа во Ирак.
Државната иранска агенција Ирна објави дека само во Иран се повредени 6.603 лица, додека останатите се во Ирак.


Иранските власти потврдија дека меѓу загинатите има и војници и царински службеници.
Во некои градови нема вода и струја, додека на некои места луѓето спиеле на улиците и во парковите.
Се очекува бројот на загинатите да расте, а акциите на спасувачите се отежнати од лизгањето на земјиштето активирано од земјотресот.
Слично
