Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) СО НОЖ ТРГНАЛ КОН КРАЛИЦАТА: Маж рани полицајци во Лондон

(ВИДЕО+ФОТО) СО НОЖ ТРГНАЛ КОН КРАЛИЦАТА: Маж рани полицајци во Лондон

Вооружен маж со нож на возраст од околу 25 години е уапсен синоќа пред Бакингемската палата во Лондон. 

Тој се нафрлил на полицајците при што двајца од нив добиле полесни повреди, пишува The Guardian.

Инцидентот се случил откако мажот пристигнал со автомобил на семафор и застанал до полициски автомобил. Полицајците забележале дека во возилото има голем нож.

Кога полицајците се обиделе да ги задржат мажот и да добијат повеќе информации дошло до судир во кој тие се здобиле со „полесни повреди” по рацете. Осомничениот е уапсен под обвнинетие за нанесување на тешка телесна повреда и напад врз припадниците на органите на редот.


Тој бил однесен во болница на лекување, а потоа ќе биде спроведен во полициската станица на испрашување, информираа властите. Полицијата додаде дека  е рано да се утврди дали ова е терористички напад.

Слично

Поврзани вести