Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ПОРАКА ОД ДОМИНИКА: Изгубивме се што може со пари да се купи

(ВИДЕО+ФОТО) ПОРАКА ОД ДОМИНИКА: Изгубивме се што може со пари да се купи

Изгубивме сѐ што може со пари да се купи, вели доминиканскиот премиер, Рузвелт Скерит. 

Тој побара помош и рече дека ќе им требаат и хеликоптери откако ураганот Марија ја разори земјата. Со нив ќе се процени штетата во земјата. 

Во градот Розо, премиерската резиденција остана без покрив поради силните ветрови. 

Од 4 ураганот помина во 5-та категорија кога ги погоди Доминика, и француските острови Мартиник и Гвадалупе. 

Сега ураганот се движи кон Порторико со брзина од 260 км на час. 

На дел од островите луѓето веќе се евакуирани и ги напуштија домовите. 

Марија се движи низ подрачјето каде претходно помина ураганот Ирма. 


Слично

Поврзани вести