Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ПАНИКА НА БАЛИ: Дел од туристите не се евакуираа

(ВИДЕО+ФОТО) ПАНИКА НА БАЛИ: Дел од туристите не се евакуираа

Затворен е аеродромот во Бали, а туристите кои не стигнаа да се евакуираат се во паника. 

Аеродромот ќе биде затворен најмалку 24 часа во зависност од количината на пепел во воздухот и безбедноста на летовите што ќе почне да се контролира најрано утре. 

Најмалку 445 летови се одложени, а 59 000 туристи останаа на Бали, откако вулканот почна да исфрла пепел и лава. И вториот аеродром на островот Ламбок е затворен од вчера, поради неговата положба поблиску до вулканот. Звуците на ерупцијата на лава се слушаат на оддалеченост и од 12 километри.  Вулканолозите предвидуваат уште позасилена еруптивна активност во текот на ноќта и експлозии какви немало во последните години. Населението што живее на оддалеченост од 7 километри до планината е веќе евакуирано, но се евакуираат и жителите на 10 километри оддалеченост. Луѓето се плашат дека лавата ќе ги уништи нивните куќи.

Вулканскиот пепел до вчера беше исфрлан на височина од 6 000 метри над светски познатото летувалиште Бали. Во 1963 година при ерупција на овој вулкан имаше 1100 жртви. 


Слично

Поврзани вести