Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Падна руски авион во Црно Море, најдени првите тела

(ВИДЕО+ФОТО) Падна руски авион во Црно Море, најдени првите тела

Руски воен авион се урна утрово во Црното море на пат за Сирија со 92 патници и екипаж. 

Внатре имало и музичари кои требало да ја прослават Новата година со војниците. 

Локалните новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана, јавија дека авионот Ту-154 се урнал набрзо по полетување од јужниот град Адлер, јужно од познатото одморалиште Сочи во 5.40 часот по локално време.

Авионот бил на рутински лет до руската база Хмеимим близу сирискиот град Латакија, соопшти руското Министерство за одбрана. Откриени се три тела, а засега нема извештаи за преживеани во несреќата.

„Делови од авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана беа пронајдени на 1,5 километри од брегот на Црното море кај градот Сочи на длабочина од 50-70 метри“-велат од Министерството.

Меѓу 84-цата патници имало руски војници, како и членови на Ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хорот на Црвената армија, кои тргнаа за Сирија да учествуваат во новогодишната прослава во базата. Во авионот беа и осум членови на екипажот. Од кабинетот на рускиот претседател, Владимир Путин велат дека е рано било што да се каже и треба да се сочека сликата да биде комплетна. 


Слично

Поврзани вести