Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Пад на рускиот авион - во Русија Ден на жалост

(ВИДЕО+ФОТО) Пад на рускиот авион - во Русија Ден на жалост

Во Русија денеска е ден на жалост по 92-те жртви во авионската несреќа што вчера се случи во близина на Сочи во Црното Море. 

Заменик министерот за одбрана на Русија, Николај Панков потврди дека меѓу загинатите биле и 68 членови на рускиот воен ансамбл „Александров“. 

До несреќата дојде веднаш по полетувањето од аеродромот во Сочи каде што авионот полнел бензин. Крајна дестинација била руската воаена база во близина на Латакија во Сирија каде што анасамблот „Александров“ требаше да одржи Новогодишен концерт за руските војници. Авионот од типот „Ту 154“ бил 33 години стар, а се испитуваат причините за неговиот пад.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изрази сочувство на семејствата на жртвите и вети целосна истрага на причините. 


Слично

Поврзани вести