(ВИДЕО+ФОТО) НОВИ СУДИРИ ВО КАТАЛОНИЈА: Има над 20 повредени
Демонстранти се судрија со полицијата во Каталонија, откако Врховниот суд на Шпанија ги заостри
мерките против сепаратистите.
Во текот на судирите повеќе од 20 лица се повредени. Врховниот суд одлучи групата од 25 каталонски лидери да ги суди поради побуна, проневера и непослушност кон државата, пренесува „БиБиСи“. Тие би можеле да бидат осудени и до 30 години затвор.






До ескалација дојде откако некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот
кордон.
Уставниот суд на Шпанија вчера издаде меѓународни налози за апсење на поранешниот
претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон и пет министри од неговата Влада, откако
денеска се обвинети за побуна.
Лани Каталонците гласаа на референдум за отцепување од Шпанија, но идејата за независност на Каталонија не доби поголема поддршка од странскиот фактор и ЕУ.
