(ВИДЕО+ФОТО) НЕРЕДИ, СОЛЗАВЦИ, ПОЖАРИ ВО ПАРИЗ: Демонстранти бараат правда
Протестите кои започнале за поддршка на Тео, момче кое наводно полицајците го силувале со палка, се прошириле денеска кон центарот на Париз.


Дел од демонстрантите почнале да палат смет и контејнери. Портпаролот на полицијата изјавил дека полицајците фрлиле солзавец на демонстрантите за да ги растераат, а едно лице е уапсено. Откако е фрлен солзавец, демонстрантите се рашириле по центарот на градот и по места кои се популарни за туристите.
Тео по апсењето е хоспитализиран и итно опериран поради тешки повреди. Веднаш откако се дознало за инцидентот, протестите за поддршка тргнале од населбата на Тео и од тогаш се шират. Полицајците се суспендирани, еден од нив е обвинет за силување и прекумерна употреба на сила, а останатите тројца за прекумерна употреба на сила. Околу 250 лица биле уапсени откако започнале демонстрациите.
