Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) НАПАД ВО ШВАЈЦАРИЈА: Маж со пила повреди луѓе

(ВИДЕО+ФОТО) НАПАД ВО ШВАЈЦАРИЈА: Маж со пила повреди луѓе

Повеќе од пет лица се повредени, од кои две лица се со тешки повреди, кога маж со пила изврши напад во швајцарскиот град Шафхаузен. 

Британскиот „Индипендет“ пренесе дека поради нападот, полицијата го блокирала градот кој се наоѓа во близина на границата со Германија.


Сопственик на дуќан во делот на градот каде што се случил нападот за швајцарскиот весник „Блик“ рекол дека маж со моторна пила се движел по улиците и напаѓал минувачи, но оваа информација не е официјално потврдена.


Портпаролката на полицијата во Шафхаузен вели дека органите на прогонот се во потрага по напаѓачот. 

Не станува збор за тероризам, потврдија официјални лица. 


Слично

Поврзани вести