Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ: Луѓето ги палат црквите во Чиле

(ВИДЕО+ФОТО) МАСОВНИ ПРОТЕСТИ: Луѓето ги палат црквите во Чиле

Гневни демонстранти ги палат црквите во Чиле. 

Запалени се најмалку два храма. 

Уништена е Парокија де ла Асунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле, но и Иглесија де Сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии.

Протестите започнаа на Плаза Италија, позната и како Плаза де ла Дигнидад, но набргу станаа насилни. 


Илјадници луѓе се собраа вчера на улиците на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада во кои загинаа 30 луѓе. 

„Оние кои прават вакви насилни дела не сакаат Чилеанците да ги решат проблемите со демократски средства“, рече министерот за внатрешни рбоати Виктор Перес. Тој ги повика граѓаните на Чиле да го искажат својот став на референдумот на 25-ти овој месец на кој ќе се гласа дали да се прават уставни измени.

Сегашниот устав на Чиле е донесен во 1980 година во време на Аугусто Пиноче и не предвидува државно здравство и образование за граѓаните, кои се две од барањата на демонстрантите. 

Во Сантјаго протестираа околу 25.000 Чилеанци.




Слично

Поврзани вести