(ВИДЕО+ФОТО) Карамбол во Москва: Се судрија два воза, има повредени
Повеќе од 23 лица се повредени во судир на два воза во западниот дел на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што објави новинската агенција ТАСС, 14 од повредените лица се згрижени во болница, а меѓу нив има и едно дете.
Шефот на московскиот разгранок на Министерството за вонредни ситуации, Илја Денисов, вели дека несреќата се случила затоа што машиновозачот на еден од возовите се обидел да избегне да прегази еден човек на шините и ја употребил сопирачката за итни случаи.
Ќе биде формирана специјална комисија за да ги истражи околностите на судирот, јави Раша тудеј.
Слично
