Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Фудбалерите на ПСЖ со поддршка за Нотр Дам

(ВИДЕО+ФОТО) Фудбалерите на ПСЖ со поддршка за Нотр Дам

Катедралата „Нотр Дам“ која пред неколку дена пострада од пожар не ја одминаа ниту ново – старите шампиони на Франција.

Како вистински парижани, фудбалерите од ПСЖ на мечот со Монако на своите дресови го носеа името на готската катедрала.


Играчите излегоа на терен смирени, бидејќи беа сигурни во својата победа. Осми пат триумфираа на првенството во Франција.

Дизајнот на дресовите на ПСЖ беше искоментиран од страна на поддржувачите на фудбалскиот клуб. Наместо името на играчот, фудбалерите имаа напишано Нотр Дам, во знак на поддршка на пожарникарите кои се бореа со пожарот во Катедралата. А на предниот дел од дресовите играчите имаа слика од Катералата.


Пред почетокот на фудбалскиот натпревар на ПСЖ со Монако, беше објавено видео на нивната официјална страница на фејсбук на кое тимот со посебно дизајнирани дресови повторно го свртуваат вниманието на светот кон Катедралата.




Видео Facebook


Фото Reuters


Слично

Поврзани вести