(ВИДЕО+ФОТО) ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО: Во оваа земја измерени -40 степени
Екстремно ниски температури има во скоро цела Канада каде често се мерат температури пониски од минус 40 степени Целзиусови.
Температурите се под вообичаените за овoј период од годината и во областа Прерис, покраините Алберта, Саскечуан и Манитова, во центарот и западот на земјата, како и на северот на Онтарио каде се бележат најниските температури.
Не се очекува да се стопли во следните неколку дена, соопштија властите, кои го предупредија населението да избегува излегување надвор.
Канадското Министерство за здравство предупреди дека на температури околу минус 35 степени Целзиусови кожата може да замрзне за помалку од десет минути.
Агенцијата за помош на патиштата ЦАА примила 7.400 повици од покраината Квебек и околу илјада за Саскечуан.
Студениот бран може да трае до почетокот на 2018 година.
Научниците забележуваат дека во моментов делови од Канада се постудени од северниот пол на Марс.
Студено е и во САД каде има снежно невреме.
Во градот Ери, во американската држава Пенсилванија, наврна над еден и пол метри снег.
Се очекува и на новогодишната ноќ во Њујорк, температурите да паднат на рекордно ниско ниво.
