Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО БРИСЕЛ: Едно лице загина, а меѓу повредените има и бебе

(ВИДЕО+ФОТО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО БРИСЕЛ: Едно лице загина, а меѓу повредените има и бебе

Едно лице загина, а седум се повредени, од кои три тешко, во експлозија синоќа во станбена зграда во белгиската престолнина Брисел. 

Експлозијата најверојатно се случила поради истекување на гас за домаќинство, соопшти ноќта кон неделата бриселското државно обвинителство.


„Во саботата попладнето жителите на две згради биле жртви на експлозија по којашто избувнал пожар“- стои во соопштението на обвинителството.

Седум лица се примени во две болници. Три се тешко повредени, меѓу нив и двегодишно дете и петнаесетгодишник. Oчевидци раскажуваат дека експлозијата била многу силна. 

„Во текот на вечерта во саботата во урнатините е пронајдено тело на маж. Идентификувањето сé уште не е извршено“- информира обвинителството.

Началникот на општината во којашто е квартот Сен Жил, каде што се одиграла несреќата, Шарл Пике изјави за белгиските телевизиски мрежи RTL и RTBF дека „најверојатно станува збор за несреќен случај поврзан со истекување на гас“.

На 22-ри март лани Брисел беше цел на најкрвавите напади во својата историја кога беа убиени 32 лица, а 320 лица беа ранети во два напади на аеродромот и во подземната железница. 

Слично

Поврзани вести