Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Дали ова се напаѓачите: ИСИС oбјави фотографии и видео од луѓе за кои тврди дека ги извеле нападите во Шри Ланка

(ВИДЕО+ФОТО) Дали ова се напаѓачите: ИСИС oбјави фотографии и видео од луѓе за кои тврди дека ги извеле нападите во Шри Ланка

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади кои се случија на прв ден католички Велигден во Шри Ланка. ИСИС објави фотографии и видео од луѓе за кои вели дека се напаѓачите на цркви и хотели во Шри Ланка, во кои терористички напади најмалку 359 лица го загубија животот а околу 500 луѓе беа повредени, пренесуваат британските медиуми.

Новинската агенција на таа терористичка организација ги објавила и имињата на напаѓачите и напишала кој од нив каде делувал.

Исто така, оваа новинска агенција пишува и како еден од нив се судрил со полицијата и убил тројца полицајци.



На видеото пак се гледа како напаѓачите во Шри Ланка се колнат на верност во Калифат и извикуваат „Алах Акбар“.

Пред неколку дена властите во Шри Ланка објавија дека терористичките напади на неколку цркви  и хотели се најверојатно организирани од исламистички терористички групи. 


Фото и Видео Twitter.com

Слично

Поврзани вести