Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Циклон уби неколку, а расели повеќе од милион луѓе

(ВИДЕО+ФОТО) Циклон уби неколку, а расели повеќе од милион луѓе

Тропскиот циклон Фани ја погоди Индија, и тоа е најлошата олуја во последните 20 години. Три лица загинале утрово во Пури на истокот на земјата.

Со денови растела силата на циклонот во северните делови на Бенгалскиот залив, пред утрово во околу 8 часот да удри во брегот на сојузната држава Одиша. Училиштата и факултетите во Одиша прекинале со работа. Распоредени се стотина припадници на тимовите за спасување, а лекарите и другиот медицински персонал добиле наредба да ги одложат годишните одмори.

Во земјата паѓаат обилни дождови, а ветровите дуваат со брзина од 200 километри на час.

Државата во последните 24 часа евакуирала повеќе од милиони луѓе. 

Загрозени се околу 100 милиони луѓе на источниот брег на Индија. Циклонот Фани е најмоќната олуја која го погодила овој дел на Индија од 1999-та година, кога во тропски циклон загинале најмалку 10.000 луѓе.

Сезоната на циклони во Индија може да трае од април до декември.


Слично

Поврзани вести