Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) БРАНОВИ ОД 12 МЕТРИ: На луксузно крстарење мислеле дека нема да преживеат

(ВИДЕО+ФОТО) БРАНОВИ ОД 12 МЕТРИ: На луксузно крстарење мислеле дека нема да преживеат

Патници кои тргнале на луксузно крстарење кај Нов Јужен Велс во Австралија ги зафатило невреме со бранови високи од 12 метри и силен ветер. 

Ветерот бил со брзина над 80 км на час. Џудит Спенс која била на бродот го снимила невремето кое го занесувало бродот на едната па на другата страна и од видеото се гледа како изгледа внатре. 

Скоро секоја кабина била скршена, а чиниите биле на подот. 

„Тоа беше настрашна ноќ во мојот живот. Мислев дека ќе се превртиме, а на некои луѓе им се слоши“ - вели таа. 

На крајот патниците му аплаудирале на капетанот и на екипажот заради присебноста. 

Никој не е повреден, а бродот со 2000 луѓе се вратил во Сиднеј. 


Слично

Поврзани вести